„Големо Градиште“ е називот на висок издолжен рид покрај јужниот брег на реката Крива, во атарот на кратовското село Коњух. На зарамнетото плато на врвот на ридот и во неговото подножје се остатоци од голем утврден град датиран во времето на доцната антика (5-7 век). Првите сознанија за постоењето на овој локалитет се добиени во првата половина на 20 век, по случајното откривање на црквата „Ротонда“, од жителите на с. Коњух, во 1919 година, како и од бројните столбови и обработен камен, ископани од локалитетот и вградени во некои куќите на мештаните кои и денес може да се видат.
Со археолошките проучувања и рекогносцирања реализирани во средината и втората половина на 20 век, утврдено е дека овој град се простирал на простор од околу 17 хектари, имал акропола и две станбени тераси од северната и јужната падина на ридот, кои биле заштитени со силни одбранбени бедеми. Според историските и археолошките податоци, утврдувањето било подигнато/зајакнато во времето на императорот Јустинијан, кон средината на 6 век; градот бил богат економски, административен и религиозен центар во овој дел на Балканот и римската провинција Дарданија, втор по големина по Скупи (Скопје). Монументалниот црковен комплекс откриен на северната тераса, и резиденцијата во неговата непосредна близина сведочат за економската моќ на градот во средината на 6 век. Ваквата благосостојба се должи на неговата стратешка географска локација, на самата тромеѓа на провинциите Дарданија, Македонија Секунда и Дакија Медитеранeја, покрај главниот трговски пат што водел од Скупи кон Пауталија (Ќустендил) и Сердика (Софија), како и на близината на рудните наоѓалишта во Кратовско, богати со злато, сребро, бакар, и железни руди кои биле интензивно експлоатирани во римскиот период. За идентитетот на овој град постојат две теории кои го идентификуваат како Транупара, односно Запара.
Локалитетот и неговата околина биле населувани од праисторијата до средниот век. На северната станбена тераса, под остатоците од доцно римските градби се откриени артефакти од неолитот, железното време и класичниот период. За раноримската фаза на населбата на северната тераса засега нема доволно податоци, поради што се смета дека градот бил подигнат во доцниот 5 век или почетокот на 6 век. По годините на просперитет градот страдал во воените опсади на Словените, а до почетокот на 7 век, жителите го напуштаат овој простор, селејќи се во безбедноста на акрополата.
За континуитетот на урбаното живеење на Големо Градиште во раното средновековие немаме никакви сознанија, сè до 14 век, за кој период сведочат наоди од монети и историски податоци за градот Коњух, во кој застанувале трговци со своите каравани. Трасата на овој каравански пат, веројатно воопшто или мошне малку изменета, била во употреба сè до 19 век, но утврдувањето на нејзината локација, како и локацијата на средновековниот град Коњух претставуваат нова фаза во систематските истражувања на локалитетот Големо Градиште.
Во близина на селото Коњух селаните откриваат остатоци од црква со трапезоидна основа, која подоцна науката ќе ја идентификува како архитектонски куриозитет на Балканот – црква Ротонда, од 6 век н.е.
Професорот С. Радојчиќ ја посетува Ротондата и за прв пат ја објавува во научните списанија во 1952.
Професорот И.Микулчиќ прави рекогносцирања на ридот Големо Градиште и неговата околина, и изработува план на локалитетот во кој ја дефинира неговата територијална организација и големина од 17 хектари.
Републичкиот Завод за заштита на спомениците на културата од Скопје (денес Национален Конзерваторски Центар) врши истражувања во и околу Ротондата и подготвува проект за конзервација на црквата.
Преку анализа на постоечките историски извори, Виктор Лилчиќ прави студија во која дава податоци во прилог на хипотезата за идентификација на непознатиот доцноантички град на Големо Градиште со Транупара.
При трасирањето на пругата Скопје-Софија, во месноста К΄шла, на са. 500 м северно од локалитетот биле откриени гробови од железното време и римскиот период, како и мала базилика со засведена гробница во внатрешноста, која е во рамките на некрополата.
Рекогносцирање на локалитетот Големо Градиште од страна на меѓународен тим од археолози, Кирил Трајковски од Музејот на Македонија и Д-р. Каролина Снајвели, од Гетисбург Колеџот, од Пенсилванија, САД.
Почеток на меѓународен истражувачки проект на лок. Големо Градиште, во соработка
помеѓу Музејот на Македонија и Гетисбург Колеџот, од Пенсилванија, САД; проектот е
започнат со истражување на акрополата на локалитетот.
Археолошките истражувања на акрополата откриваат остатоци од бедем,
цистерна за вода, патеки, скалила и основи на градби всечени во карпата, како и мноштво
движни наоди кои ја потврдуваат датацијата на локалитетот во 6 и 7 век н.е.
Пробни истражувања на широкото плато на северното подножје на ридот, каде е лоцирано главното градско јадро. Во пробните сонди 2 и 15, под остатоците од градби од доцната антика, откриен е културен слој со наоди од неолитот, кои сведочат за најстарото населување на платото, во 5 милениум пред н.е.
Систематските истражувања продолжуваат на северното плато. На различни локации се откриени резиденцијални објекти и улици, датирани преку движните наоди во 6 век.
Откривање на апсидата на „Големата“ или „Епископска“ базилика во централниот дел на северното плато.
Пробни истражувања на југоисточниот потег на ридот К’шла, заради утврдување на границите на римската некропола.
Откривање на крстилница во апсидална просторија јужно до Епископската базилика.
Локалитетот Големо Градиште е номиниран и избран во потесната селекција на
загрозени културни наследстваа во Европа, во рамки на програмата „7-најзагрозени“, на
организацијата Еуропа Ностра.
Откривање на мала еднокорабна црква во западното подножје
на Мало Градиште.
Истражување на северниот објект на базиликата.
Откривање на античкиот каменолом над с. Димонце.
Откривање на гробови всечени во карпата, на западната падина на Големо Градиште. Доистражена е малата еднокорабна црква во западното подножје на Мало Градиште, откриена во 2013 година.
Доистражување на северниот објект на базиликата; Откривање на нартексот на уште една црква во најсеверниот дел на северното плато (сектор II)
На сите наши почитувани колеги (ко-раководители, раководители на сонди и технички лица) и студенти има искажуваме неизмерна благодарност за нивниот придонес, професионализам, посветеност и ентузијазам вложени во проектот:
Поранешни раководители на проектот:
Специјалисти и Раководители на сонди:
Конзервација и техничка документација:
Студенти учесници: